По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната федерација на Македонија исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб.
Премијата е заслужена со освоено прво место на ЕХФ Шампионатот М18 во Рига, Летонија, како и за обезбедување пласман на М20 Европското првенство 2024, како и обезбедено учество на Светското првенство следната година во Хрватска за ракометари до 19 години.
Ракометната федерација на Македонија не пропушта да награди ниту една селекција која ќе оствари забележителни резултати.