Гордана Нацева, амбасадорот на Европското првенство 2022, сака ова големо натпреварување да се искористи во насока на на зголемување на бројот на младите кои се бават со спорт.

– Благодарност за довербата што ми ја дадовте да бидам амбасадор на ЕП, ми претставува чест, задоволство и одговорност да бидам дел од организацијата. Ќе се обидам што подобро да го промовираме ова првенство. Чувствувам голем предизвик, ако не и и ист како кога бев дел од репрезентацијата на Македонија. Секогаш сум сакала достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации.

Спортот е борба по резултат, но спортот значи и претставување на државата, културата, гостопримството, на нашите убави работи со кои можеме да се претставиме и да се гордееме. Да ја претставиме државата во најдобро светло. Посебно моја заложба е да допреме до секое девојче кое сака да се бави со спорт, треба да ја подигнеме свеста на сите млади да спортуваат. Да се потрудиме сите заеднички, овој момент да го искористиме за промовирање на таа идеја. Сметам дека ќе бидеме добри домаќини, а ракометот ќе го задржи приматот на најдобар спорт кај нас, изјави Нацева.

Таа на македонските ракометарки им порача да дадат се од себе и дека да се игра дома на едно големо натпреварување е најголема мотивација за постигнување добри резултати.

Во периодот од 4 до 20 ноември годинава Ракометната федерација на Македонија ќе биде ко-организатор на Европското првенство за ракометарки, заедно со федерациите на Словенија и на Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2022 13:54