Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах најави дека ќе патува на Светското фудбалско првенство во Катар и со тоа ги отфрли повиците за бојкот на Мундијалот што на крајот на ноември ќе почне во оваа арапска држава,

–Ќе бидам во Катар на отворањето и финалето на Мундијалот, изјави Бах, кој присуствуваше и на светските првенства 2014 во Бразил и 2018 во Русија.

Одговарајќи на прашање поврзано со апелите за бојкот на Мундијалот поради тешките услови за работа на странските мигранти, ограничувањето на човековите права и заштитата на животната средина во Катар, првиот човек на олимпиското движење го отфрли самиот принцип на бојкот на спортските натпревари.

–Нашиот став е апсолутно јасен: главните спортски настани, а особено Олимписките игри, постојат за да го обединат светот, а не го делат, изјави Бах.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2022 03:38