Осумнаесетгодишно момче од Тетово е приведено во полициска станица поради тоа што за време на фудбалски натревар истрчал на терен и му удрил шлаканица на фудбалер од гостинската екипа.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска во 17.25 часот, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А. (18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С. (38) од Пробиштип

Тој е задржан во полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2022 04:39