Одбранбениот фудбалер на пари Сен-Жермен, Серхио Рамос ја продолжи серијата без пораз во француското првенство.

Шпанецот е без пораз на 21 првенствен натпревар по ред. Парижаните имаат 17 победи и четири нерешени исходи со Рамос во составот.

Рамос го израмни рекордот на поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Хуан Пабло Сорин, кој исто така беше непоразен на 21 натпревар.

Дефанзивецот му се приклучи на ПСЖ во јули 2021 година како слободен играч на трансфер пазарот.

Пред да дојде во ПСЖ, Рамос 16 години играше за Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2022 06:36