Во Центарот на Црвениот крст „Солферино“ во Струга од денеска до петок ќе се одржува програмата за миграции „Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови”.

Низ неколкудневен теориски и реален приказ на комплексноста на мигрантските кризи и текови, учесниците ќе имаат можност да ги зајакнат и да стекнат знаења од областа на миграциите, односно хуманитарната итност која ја иницираат.

Од Црвениот крст на Град Скопје најавуваат дека денеска ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

Учесниците ќе бидат информирани и за потребите и ранливоста на бегалците и мигрантите, а конечен осврт ќе биде даден кон мигрантската криза во земјава во периодот 2015-2020 година. Како предавачи и фасцилитатори ќе се вклучат стручни лица од Македонско здружение на млади правници МЗМП, од Министерството за труд и социјална политика, претставник од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, ИОМ, Центарот за управување со кризи, универзитетски професори- експерти во оваа проблематика како и лица директно ангажирани на терен.

Програмата е подржана и финансирана од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 09:10