Извршниот директор на Рома, Пјетро Берарди, на градските власти им претстави физибилити студија за новиот стадион.

Клубот очекува да ја заврши изградбата до 2027 година, кога Рома ќе наполни 100 години.

Властите на Рим, пак, ветија дека ќе го анализираат предлогот и ќе им го претстават на жителите на градот.

Сега Рома заедно со Лацио настапува на Олимпискиот стадион кој им припаѓа на градските власти.

Како што е забележано од „Football Italia“, немањето сопствен стадион значителни ги намалува приходите на клубовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 09:34