Тренерот на Барселона, Чави ја гледа титулата во шпанската Ла Лига како поприродна за освојување, отколку трофејот во Лигата на шампионите.

– Мислам дека е потешко да се освои Лигата на шампионите. Поприродно е да се победи во домашното првенство. Во Ла Лига има повеќе шанси да се поправиш ако некаде си направил кикс. Во Лигата на шампионите не секогаш победува најсилниот. Таму деталите предничат. Успехот во Ла Лига е поприроден, изјави Чави.

Каталонците вечер од 21 часот ќе му гостуваат на Интер во 3.коло од елитната Лига на шампиони.

По две кола во Ц-групата, лидер е Баерн Минхен со шест бодови, Барселона и Интер имаат по три, последна е Викторија Плзењ без освоен бод.

Италијанските медиуми лиферуваа информација дека вечерашниот дуел е последна шанса за тренерот на Интер, Симоне Инзаги, кој се наоѓа пред отказ по слабите игри на „нероазурите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 14:01