Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси по повеќе неделните протести во земјата, денеска од Парламентот апелираше за национално единство.

Тој истакна дека Исламската Република има „слабости и недостатоци“, но го повтори официјалниот став на властите дека немирите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал, не беа ништо повеќе од заговор на иранската непријатели.

– Решителноста на земјата денес е насочена кон соработка за решавање на проблемите на луѓето. Потребно е национално единство и кохезија, бидејќи тоа ги прави нашите непријатели беспомошни, истакна Раиси.

Тој ги повтори тврдењата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој вчера изјави дека протестите во Иран се организирани од САД и Израел.

Протестите од улиците во иранските градови се прелеаја и во универзитетите ширум земјата, но и во средните училишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:29