Данската полиција во текот на викендот добила извештаи за активност на беспилотни летала во близина на полето за гас Роар, во Северно Море, изјави денеска портпаролот на данската полиција.

Француската енергетска компанија „Тотал енерџис“ управува со полето Роар, што се наоѓа веднаш до Тир, најголемото данско гасно поле.

Британските медиуми јавуваат дека Данска, како и некои други земји од регионот, го крена нивото на будност откако беше објавено за истегувања гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, за што претпоставка е дека се предизвикани од саботажа.

„Тотал енерџис“ минатата недела соопшти дека е забележана „неовластена активност на беспилотни летала“ во близина на нејзиниот нафтен и гасен капацитет во Северното Море, полето Халфдан Б, додаваат британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:44