Учениците Никола Трендафилов и Андреа Велиновска од општина Градско од 29 септември до 6 октомври се дел од младинската размена во Бистрица, Романија во рамки на „Еразмус+“ проектот насловен „Стари занаети, нови времиња”.

Проектот се спроведува во партнерство на четири граѓански организации, меѓу кои локалната акциска група „Агро лидер“ која е соработник на Општина Градско.

– Во рамки на проектот, вкупно 20 учесници од Македонија, Романија, Италија и Бугарија имаат можност да посетат традиционални занаети во руралните средини во Романија, истовремено запознавајќи ја културата и убавината на романските села – информира градоначалникот на Градско, Киро Нацков.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 04:47