Во соработка со Бирото за регионален развој целосно ќе се реконструира спортското игралиште во населба Тунел во Велес.

Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој и кофинансирање на Општина Велес, за што на 30 септември е потпишан договор за реализација на овој проект, информираат од општината.

Игралиштето ќе се опреми со нови најсовремени спортски терени и детски реквизити, а просторот ќе биде оплеменет со зелени оази за целосно уживање на посетителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 04:48