Јавното претријатие „Градски паркинг” Тетово најави дека ќе се уредуваат две локации во градот каде во иднина ќе се наплаќа паркирањето.

Од претријатието ги повикаа граѓаните додека се извршуваат активностите за уредување на локациите да не ги паркираат возилата, затоа што во спротивно ќе бидат отстранети со возило на ткн. пајак служба.

-Утре 05.10.2022 година ( среда) од 7:00 часот ќе започне чистење и уредување на паркингот спроти О.У “Лирија” . На ден 06.10.2022 година( четврток) ќе се врши уредување и чистење на паркингот позади Ресторан “Боката”. Се замолуваат граѓаните додека се работи на терен да не ги паркираат возилата, во спротивно ќе бидат отстранети со пајак служба. Работиме за подобар ред во паркирањето во градот и поголема безбедност за сите, соопштија од ЈП „Градски паркинг” Тетово.

Од почеток на октомври општина Тетово почна да го наплаќа зонското паркирање на три нови паркинг зони во градот, на улицата „Страшо Пинџур”, комплекс „Ловец” и на улицата „120а” кај зелениот пазар.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 04:54