Годинешното Европското фудбалско првенство во женска конкуренција го следеле повеќе од 365 милиони луѓе, што е рекордна гледаност на натпреварување во женскиот фудбал, соопшти денеска УЕФА.

Во извештајот на компанијата „Ернст и Јанг“ се наведува дека натпреварите на ЕП во живо во просек ги гледале 18.544 навивачи, вкупно 574.875, од кои 85 отсто се изјасниле дека повторно ќе посетат фудбалски натпревар во женска конкуренција.

Финалето, во кое Англија ја совлада Германија со 2-1, го гледале 87.192 навивачи, што е рекорд во женскиот фудбал.

Вкупно 84 отсто од посетителите на женското ЕП навеле дека сега имаат подобра перцепција за женскиот фудбал, а 88 отсто од нив рекле дека, веројатно, повторно ќе гледаат фудбалски натпревари во женска конкуренција на телевизија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 06:18