Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” што се одржа во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“, даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.
Како што соопштуваат организаторите, беа претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.
-Спротивставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата, исто така имаше за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно. За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине, стои во соопштението.
-Поддржете ги малите еколошки локални бизниси. Кажете НЕ на „брзата мода“. Купувајте помалку, избирајте внимателно, порачуваат креаторите на одржлива еко мода.