Тренерот на Филаделфија, Док Риверс, не сака да се потсетува на ситуацијата со Бен Симонс, бидејќи сега е играч на друг тим.

– Јас не го следам Бен Симонс, ги следам нашите играчи. Видете, сакам да се справи добро, но тој повеќе не е играч на 66-те, па оставив се во минатото, изјави Риверс.

Минатиот август, Симонс, и покрај тоа што имаше уште четири години од договорот со Филаделфија, одлучи дека повеќе не сака да биде член на тимот и побара трампа.

Во февруари, Сиксерс го испратија Симонс во Бруклин во трејдот во кој учествуваше Џејмс Харден.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 12:17