Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции. Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица - по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15.09 до 28.09. 2022. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови. Направени се 695 тестови: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–63, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-18, Биотек-16, Систина-5, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-11, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321. Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 14:45