Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги кажа своите очекувања за претстојниот натпревар против Копенхаген во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Мораме да бидеме внимателни. Ако сега се сопнеме, потоа нема да има време за корекција. Календарот на натпревари поради Светското првенство е многу збиен. Мора да се навикнеме на тоа. Знаеме колку се важни домашните натпревари. Ги гледав натпреварите на Копенхаген синоќа и денеска. Ова е добар, многу организиран тим. Ќе треба да се потрудиме да победиме во важен дуел. Ако земеме стигнеме до девет бода на три натпревари, тогаш практично ќе обезбедиме пласман во следната рунда, изјави Гвардиола.

Манчестер сити против Копенхаген ќе играат вечер од 21 часот на теренот на англискиот клуб.

„Граѓаните“ се први во групата-Г со шест бода од два натпревара. Копенхаген е на третата позиција со еден бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 16:13