Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена од политичка партија Левица од Скопје за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Точка 5 од Упатството за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 бр.01-3457/1 од 21.09.2021 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Судиите не поведоа постапка за оценување на уставноста на член 65 став 2, во делот „Законот за прекршоците“, став 3 во делот „Законот за прекршоците“ и член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија“, од Законот за туристичката дејност, а ја отфрлија иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката за давање на согласност бр. 08-506/4 од 18 август 2021 и Заклучокот за објавување на Одлуката за давање на согласност за објавување на oдлука, бр. 08-360/2 од 5 август 2021 година.

На денешната седница не беше поведена постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 84 став 1 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.118/2021).

Иницијативата поднесена за член 91 став 2 од Законот за стечај во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано“, како што информираа од Судот, не го доби потребното мнозинство гласови



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 00:59