Британската премиерка Лиз Трус денеска вети дека ќе ја проведе Велика Британија низ „бурни времиња“ и ќе ја трансформира британската економија.

Обраќајќи им се на пратениците и членовите на Конзервативната партија на годишниот конгрес во Бирмингем, Трас се обиде да ги увери инвеститорите дека нејзиниот план повторно ќе го покрене економскиот раст и ќе ја обедини поделената земја.

Критичарите брзо ја прекинаа прашувајќи ја кој гласал за вакви радикални промени, што ја налути премиерката, но и публиката.

– Се собравме во клучно време за Обединетото Кралство. Ова се бурни времиња, рече таа, мислејќи на пандемијата на ковид-19, војната во Украина и смртта на кралицата Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Британија. „Во такви тешки времиња, мора да ја искористиме нашата сила. Решена сум да ја поттикнам Британија да се движи, да нè спроведам низ бурата и да нè поставам на посилна основа“.

Конференцијата, на која Трус требаше да го прослави станувањето премиер во септември, се претвори во кошмар откако таа најави нови економски политики што предизвикаа криза на доверба кај инвеститорите.

Обидот да се намалат даноците за 45 милијарди фунти и да се зголемат владините трошења предизвика потрес на пазарите и може да предизвика партијата да ги загуби изборите.

Таа мораше да отстапи од укинување на највисоката стапка на данок на доход од 45 отсто, а потоа беше отворено нападната од пратениците и министрите во други области на политиката, што беше сериозно отстапување од дисциплината забележана минатата недела на конференцијата на опозициската Лабуристичка партија, која сега сигурно води во анкети.

Додека Трас почна да зборува, двајца демонстранти за климата од редовите на Гринпис држаа натпис „Кој гласаше за ова?“, осврнувајќи се на фактот дека Трас зацрта радикално поинаков курс за земјата откако беше избрана од 170.000 членови на партијата, а не од јавноста.

– Намалувањето на даноците е исправно, морално и економски, рече Трас, додавајќи дека обемот на предизвиците со кои се соочува земјата се „огромни“.

Трас на партијата и порача дека сака да изгради „нова Британија за новата ера“.

– Во политичката дебата предолго доминира прашањето за дистрибуција на ограничениот економски колач. Наместо тоа, треба да го зголемиме за да можеме сите да добиеме поголем дел, рече таа. – Затоа сум решена да применам нов пристап и да нè ослободам од овој циклус на високи даноци и низок раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 02:34