Јавните обвинители истражуваат неколку климатски активисти кои се под сомнение за напад на пумпни станици за нафта во северниот дел на Германија, јави ДПА.

Дванаесет инциденти се под истрага во покраината Мекленбург – Западна Померанија, информираше денеска портпаролот на Јавното обвинителство во Нојбранденбург.

Неколкумина од обвинетите беа обвинети за нарушување на јавното работење, оштетување имот и навлегување во туѓо земјиште без дозвола.

Истражителите ги поврзаа нападите со групата за заштита на климата „Последната генерација“.

Инцидентите почнаа годинава, главно блиску селата Демин и Гланцхоф. Нафтовод минува низ областа од северното пристаниште во Росток до Швед во Бранденбург.

Меѓу осомничените, кои имале за цел да ги блокираат цевководите, се двајца Баварци на возраст од 66 и 72 години.

Осомничените може да бидат казнети парично или со затвор до пет години.

Групата „Последната генерација“ повеќепати го привлекуваше вниманието со блокади на автопати во регионот на Берлин.

По инцидентите, полицијата ја зголеми контролата на критичната инфраструктура.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 02:34