Во однос на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ што треба да се отвори во Охрид, Mинистерот за надворешни работи во службената влада во Софија, Николај Милков порача дека е „добро е да се одмеруваат реакциите, добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и да се решаваат работите прагматично во тоа што го обезбедува договорот за добрососедство“.

Според Милков, ако името цар Борис трети е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 03:37