Фудбалерот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали смета дека од синоќешниот пораз од Челзи (0:3) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, може да се извлечат добри поуки.

– Не игравме како Милан. Но, овој пораз може да не направи посилни. Тешко е да се анализираат поединечни моменти од играта, мораме да го анализираме како целина. Да извлечеме поука и во иднина да не ги повториме грешките, изјави Тонали.

Милан по три натпревари има собрано четири бода и се наоѓа на третото место во Е-групата.

Челзи моментално е на второто место исто така со четири бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 09:31