Актуелниот договор на напаѓачот Ерлинг Халанд со Манчестер Сити не содржи клаузула според која Реал Мадрид има посебни услови за евентуално откупување на Норвежанецот во иднина, пишува „Goal.com“.

Договорот на 22-годишниот Халанд со англискиот клуб има многу клаузули, но таму не се споменува Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб минатото лето покажа интерес за Халанд, но норвешкиот напаѓач се одлучи за Манчестер сити. Неговиот договор со англискиот клуб е до 2027 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 150 милиони евра.

Халанд одигра 12 натпревари за Манчестер сити оваа сезона и постигна 19 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 09:51