Срдечен пречек од страна на премиерот на Чешка, Петр Фиала во пресрет на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Фокусот на денешните сесии со лидерите во Европа е економијата, енергетиката, безбедноста, заштитата на животната средина, но најважно заедништво за ублажување на последиците од најголемата криза во светот која ја памтиме во поновата историја. Само обиденети можеме да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна, наведува Ковачевски во објавата на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 14:12