Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи со КОВИД-19 и 55 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 55 новозаболени од Скопје се 38, Битола 6, Куманово 5, Прилеп3 и Тетово, Кавадарци и Охрид по 1 лице.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Од 55 оздравени пациенти од Скопје се 43, Битола 4, Куманово и Кавадарци по 2, и од Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе по 1.

Направени се 644 тестови: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-22, Судска медицина-1, Институт за микробиологија-50, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-6, Биотек-15, Систина-9, лабораторија Лаор-1, Синлаб-27, Ремедика-8, Плодност-1, Генеа-4, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-1, Рапид Лаб–2, Рамус-2 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 297.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а на активни случаи изнесува 447.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 15:16