Автентичниот џез-фанк-соул-Р’Н’Б состав, The Brand New Heavies ќе одржат концерт во рамки на серијалот Musicology Sessions на 22 октомври, 2022 година, во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Пионерите на лондонската Acid jazz-сцена The Brand New Heavies својата голема љубов кон фанк-грувот од 70-тите успеаја да го трансформираат во софистициран звук, кој оди по патеките на класичниот соул, и тоа во ера во која доминира хип-хопот.
Основачите на бендот, Јан Кинкејд и Сајмон Бартоломју воедно се и кантавтори и продуценти, кои зад себе имаат 16 песни што влегоа на топ 40 листите, а до сега продадоа над 2,5 милиони копии од своите албуми.
Бендот е формиран 1985 година како инструментален состав инспириран со ретката, тогаш актуелна грув клабинг-сцена во Лондон. Набргу бендот доби и дувачка секција, како и вокалистки.
Билети во продажба достапни на Билетарница МКЦ или Online преку bileti.mkc.mk.