Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс (37) ги обелодени своите планови по пензионирањето, наведувајќи дека сака да биде сопственик на НБА клуб со седиште во Лас Вегас.

– Би сакал да донесам тука клуб во догледно време, им изјави Џејмс на новинарите, откако постигна 23 поени во поразот на Лос Анџелес лејкерс од Феникс во претсезонски натпревар одигран в Лас Вегас.

Потоа преку медиумите испрати порака до комесарот на НБА лигата Адам Силвер.

– Тој веројатно го гледа секое интервју кое доаѓа од НБА играчите. Адам, сакам да донесам клуб тука. Ти благодарам, рече Џејмс.

Ова не е прв пат Џејмс да се поврзува со потенцијално нов клуб во Лас Вегас, меѓутоа, според правилата на играта не може да има сопственички удел во НБА екипа додека не замине во пензија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 07:49