Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема време да размислува за евентуалните промени во ДУИ зашто е целосно фокусиран на менаџирање на енергетската криза.

Тоа, нагласува, е одлука на претседателот и на партиското раковдството.

-Јас сум целосно фокусиран на меџаирање и справување со енергетската криза. Немам време да мислам на тоа, тоа е одлука на претседателот и на раководството на ДУИ. Ние секогаш сме велеле дека сме подготвени да разговораме, и внатре во партијата и со јавноста и со сите што се заинтересирани и со тоа што е направено согласно Програмата и со тоа што треба да се направи. Секогаш согласно Програмата која е утврдена од страна на Собранието и партиските органи, рече Бектеши во вечерашното гостување на ТВ Сител.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 08:05