Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, на својот Фејсбук-профил информираше дека се сретнал со турскиот претседател, Реџеп Таип Едроган.

-Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува, вели Ковачевски



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 08:18