Државниот завод за ревизија и Фондацијата за демократија на Вестминстер денеска организираат тркалезна маса на тема „Сопствените приходи на општините за обезбедување на квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата”.

-Целта на настанот е да се разменат мислења и информации за работењето на општините во услови на криза предизвикана од пандемијата, велат од ДЗР.

На настанот меѓу другото ќе биде презентирано истражувањето на јавното мислење во однос на задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите на општините за време на пандемијата со КОВИД–19.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 09:31