Фудбалерот на Манчестер сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд има неделна плата во англискиот клуб од околу еден милион евра, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Според весникот, Халанд неделно заработува колку и другите фудбалери на Манчестер сити, но има добри гарантирани бонуси за одиграни натпревари и постигнати голови.

Норвешкиот голгетер поради тоа за една година во дресот на Сити ќе заработи околу 51 милиони евра.

Халанд дојде во Манчестер сити во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд за околу 60 милиони евра.

Во својата дебитантска сезона во Премиер лигата, Халанд на 12 натпревари во сите конкуренции постигна 19 голови за Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 09:54