Македонската футсал репрезентација денеска на гостински терен против Шведска ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство 2024 година.

Воведниот натпревар во главната фаза од мундијалските квалификации избраниците на селекторот Васил Скендеровски ќе го играат во Алингасас со почеток во 17 часот.

Идниот четврток во Скопје противник на македонската репрезентација ќе биде Италија, по што двата реванш натпревари се закажани за март идната година.

Директен пласман во следната, елитна, фаза од мундијалските квалификации ќе обезбедат победниците на 12 групи и четирите најдобро второпласирани репрезентации. Преостанатите осум второпласирани репрезентации ќе играат бараж во април идната година за преостанатите четири места во елитната рунда.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 10:40