Денеска, во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со Карл Рејшам по повод завршувањето на работниот ангажман на функцијата аташе на ИЦИТАП Програмата на Амбасадата на САД во Скопје.

Министерот Спасовски во оваа прилика му додели плакета на аташето Карл Рејшам, за успешна соработка и континуирана поддршка во модернизирањето на капацитетите на МВР упатувајќи му честитки за неговото официјално пензионирање. Средбата помина во пријателска атмосфера со посебна благодарност кон г. Рејшам за заложбите и неговата посветеност во реализацијата на сите досегашни проекти наменети за полицијата. Министерот Спасовски го увери аташето Рејшам дека припадниците на македонската полиција, со негова поддршка, ќе продолжат со имплементација на сите започнати проекти и програмите со кои се зголемува професионалноста во секојдневната работа.

Аташето Рејшам упати благодарност до министерот Спасовски и до полициските службеници за одличната соработка, посветеност и активното учество во сите програми и проекти кои вродија со плод и посочи дека заминува задоволен од функцијата, со надеж дека во иднина повторно ќе биде во можност да работи со македонската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 13:13