Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез, изјави дека Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз, се најсериозни кандидати за нов селектор на Кариоките, објавија денеска локалните медиуми.

Актуелниот бразилски селектор Тите одлучи да се повлече од должноста по завршување на Мундијалот во Катар.

– Бразилскиот фудбал има непресушен извор на фантастични тренери. Можам да потврдам дека кандидати за селектор се Фереира, Жуниор и Диниз, но не е фер да зборуваме само за нив и да ги заборавиме другите, бидејќи имаме уште барем најмалку 10 квалитетни кандидати, изјави Родригез.

Тој најави дека наследникот на Тите ќе биде познат по Мундијалот во Катар.

– Во моментов сме фокусирани на подготовките за Катар. Одлуката за наследникот на Тите ќе ја донесеме по завршувањето на Мундијалот, изјави првиот човек на бразилскиот фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 14:48