Musicology Session продукцијата на концертни серии оваа година се прошири во целиот регион.
Се започна во Белград, а бидејќи повеќегодишната соработка со културните институции во Загреб и Љубљана беше успешна, тимот на Musicology доаѓа во Скопје и во новата сезона носи светски познати уметници.
По распродадените концерти на италијанскиот уметник Mario Biondi и на Dutch Soul и RnB дивата Sharon Kovach, продукцијата на инвентивни концерти продолжува во истиот тек.
Пионерите на лондонската „ацид џез“ сцена „The Brand New Heavies“ пристигнуваат во главниот град на Македонија, каде што ќе одржат концерт во Младински културен центар.
Автентичниот џез/фанк/соул/Р’Н’Б состав, The Brand New Heavies ќе одржат концерт во рамки на серијалот Musicology Sessions на 22 октомври, 2022 година.
Пионерите на лондонската Acid jazz-сцена The Brand New Heavies својата голема љубов кон фанк-грувот од 70-тите успеаја да го трансформираат во софистициран звук, кој оди по патеките на класичниот соул, и тоа во ера во која доминира хип-хопот.
Основачите на бендот, Јан Кинкејд и Сајмон Бартоломју воедно се и кантавтори и продуценти, кои зад себе имаат 16 песни што влегоа на топ 40 листите, а до сега продадоа над 2,5 милиони копии од своите албуми.
Бендот е формиран 1985 година како инструментален состав инспириран со ретката, тогаш актуелна грув клабинг-сцена во Лондон. Набргу бендот доби и дувачка секција, како и вокалистки.
Сега веќе познати на белградската публика се враќаат во нашиот град, носејќи добар звук и добра енергија!
Билети во продажба достапни на Билетарница МКЦ или Online преку bileti.mkc.mk.