Македонскиот ракомет загуби уште една легенда. Денес почина првиот селектор на машката репрезентација, Славе Атанасовски – Чаве.

Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје. Својата играчка кариера ја почна во Партизан, а потоа настапуваше за Графичар, сегашен Вардар, Борец, Металург и Пролет.

Под водство на Атанасовски, македонската репрезентација во 1993 година го одигра првиот официјален натпревар, на меѓународен турнир во Романија.

Во својата тренерска кариера, Атанасовски беше тренер на повеќе македонски клубови, а работеше и како тренер во грчки екипи и како селектор на женската репрезентација на Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2022 02:46