Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје забележа убедлива победа над Луксембург со 38:24 (18:7 полувреме) во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.

Подмладениот тим селектиран од Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар доминираше на теренот и на крајот лесно дојде до првите бодови со 44-тата победа во својот 73-ти квалификациски настап.

Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со шест и Серафимов со пет погодоци. На голот Никола Митревски забележа седум одбрани, Марко Кизиќ шест.

Лазаров на овој меч шанса да настапат им даде на сите играчи кои му беа на располагање.

Во недела (16 октомври) избраниците на Лазаров ќе и гостуваат на Турција во второто коло од евро-квалификациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2022 03:04