По разгледувањето на расположливите ресурси, трошоците и обврските што Јавниот сервис ги очекува наредниов период, донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година.

„Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот Јавен сервис.

Според западни медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија.

Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2022 12:16