Норвешкото трио „А-ха“ на 21 октомври објавува нов албум со 12 песни. Збирката „True North“ е 11. студиски проект на пејачот Мортен Харкет, Магне Фурухолмен (клавијатури, гитара) и Пол Вактар-Савој (гитара).

Овој албум ја одбележува 40-годишнината на групата, но и е резултат на новиот пристап во работата на тројцата музичари, според критичарите.

– „True North“ („Вистинскиот север“) е писмо од „А-ха“, од Арктичкиот Круг… Песна од далечниот север на Норвешка со нова музика! Секоја песна носи своја порака за значењето на човековите односи, за поврзаноста со северната природа – убава и сурова, за надежта за иднината, за силната верба во младата генерација, вели Магне Фурухолмен.

Концептот и создавањето на песните се документирани во филмот „Вистинскиот север“ (режисер – Стијан Андерсен). Почетоците на составот беа во 1982 година како синтпоп-група со типичен звук од 80-тите. Тројцата музичари имаат различни темпераменти, што понекогаш предизвикува и несогласувања меѓу нив. Низ годините имаа и голем број сопствени соло-проекти, но успеаја да го задржат својот идентитет како група и да ја одржат својата колективна музичка кариера. Во август „годинава“ заврши уште една светска турнеја на „А-ха“ наречена „Hunting High And Low“, којашто почна 2019 година, но мораше да биде прекината поради корона-пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2022 11:34