По гласините за можна разделба, Меган Фокс и раперот Машинган Кели, се чини, повторно ги порекнаа сите тие озборувања за можна разделба.

Двојката се запозна во март 2020 година, на снимањето на крими-трилерот „Полноќ во полето“ (Midnight in the Switchgrass). Потоа, американската глумица се разведе од својот поранешен сопруг, глумецот Брајан Остин-Грин, па по неколку месеци, врската меѓу Фокс и тексашкиот музичар стана „официјално“ јавна.

Глумицата ја опишува врската како „многу интензивна“ и нетрадиционална.

– Нашите души го избраа ова за апсолутно да мора да се соочиме со нашите „личности во сенка“… За да се соочиме со нашите работи што не сакавме да ги знаеме и коишто се обидовме да ги оттурнеме, рече Фокс.

На 11 јануари оваа година, Машинган Кели побара од Фокс да се омажи за него во Порторико, на истото место каде што се снимал филмот и каде се запознале.

Сепак, до летово се разгореа озборувања за првите „проблеми во рајот“, коишто самите главни актери набргу ги згаснаа.

Но, деновиве Меган повторно покрена гласини за раскинување, споделувајќи самослик на Инстаграм, каде носи неколку прстени на левата рака, но не и венчалниот прстен. Тоа повторно поттикна претпоставки дека тие ја раскинале венчавката, меѓутоа кусо потоа, таа и момчето беа видени заедно на гала-вечер во Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 10:03