Во текот на септември и октомври се реализираа 11 изведби на проектот The Waste Land на Амстердам Синфониета. Овој музичко балетски перформанс е инспириран од една од најпознатите поетски творби на 20тиот век „Пуста земја“ (The Waste Land) од Т.С. Елиот. Освен од Кирил Џајковски во овој проект се користеше музика и од Stravinsky, Layegh, Berg, Nyman.

Проектот кој во холандските медиуми е опишан како прекрасна фузија од музика, поезија и танц беше одлично примен и посетен од холандската публика во Амстердам, Ротердам, Утрехт, Тилбург и останатите градови во кои се реализираше оваа турнеја, е наведено во соопштението.

Овој проект е уште едно продолжување на активностите на Џајковски поврзани со театарска и филмска музика.

Пред неколку месеци работеше на музиката за последниот проект на Александар Поповски „Хероини“ кој беше поставен во Љубљанскиот градски театар, а во текот на идниот месец своја фестивалска премиера ќе има и словачкиот филм „Piargy” кој го режираше Иво Трајков, а за кој музиката ја напиша Џајковски. Во ноември и музиката од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски за првпат ќе има официјално дигитално издание на сите светски дигитални музички сервиси.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 12:08