Музичката ѕвезда којашто речиси цел свет ја знае како Адел, сподели како всушност се изговара нејзиното име. Поп-пејачката, имено, одговарајќи во нејзино видео за прашања и одговори под наслов „Happy Hour with Adele“, забележа дека една обожавателка го погоди изговорот на нејзиното име.

– Го сакам ова, таа совршено го кажа моето име!, рече британската музичарка, повторувајќи го своето име.

Така, се чини, таа никогаш не била Адел, туку – Адејл („Uh-dale“).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2022 09:54