Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише на докторат. Иако има само 12 години.

Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторска студија за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија.

Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн“, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.

Момчето веќе соработува во научни експерименти и истражувања на Институтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2022 09:41