Во Палатата Бонапарта во Рим, активисти за борба против климатските промени истурија супа од зеленчук врз сликата на Винсент Ван Гог „Сејач“.

Ремек-делото со наслов „Сејач“ инаку е заштитено со стакло, а е изложено во Палацо Бонапарта во центарот на Рим.

Кон средината на минатиот месец, активисти од еко-групата „Just Stop Oil“ истурија супа од домати со врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог изложено во Националната галерија во Лондон.

Овој пат во Рим, тројцата активисти, кои влегле во музејот откако купиле билети, наводно се поврзани со групата „Ultima Generazione“.

„Артемисија“ – компанијата задолжена за организација на изложбата, за новинската агенција АГИ соопшти дека делото на Ван Гог не е оштетено.

Инцидентот е најнов во серијата протестни дејствија што еко активистите ги презедоа во Рим во последниве месеци, од лепење на рацето на дела во музеите на Ватикан до редовни блокади на патиштата низ главниот град.

Во јули, демонстрантите се залепија за стаклото пред прославената слика на Ботичели „Примавера“ во галерија во Фиренца. Не е направена никаква штета на ремек-делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2022 04:56