Кратките чизми со години се најпопуларни чизми за постудените месеци, но оваа сезона повторно ќе доминираат обувките до колена, сметаат познавачите.
Покрај тоа што изгледаат многу стилски и ја издолжуваат женската фигура, чизмите до колена се и многу практични и стоплуваат кога тоа е најпотребно. Комбинациите со чизми до колена може да бидат предизвик за некои жени, па следат неколку совети и предлози.
Фустан со цеп
Доколку сакате да го покажете новиот чифт чизми, можеби најубаво е тоа да го направите тоа со фустан со шлиц до бедрото.
Долгите чизми може да се носат и со мини-фустан, мини-здолниште, тесни фармерки.
Хеланки
Ако не ви се допаѓа како изгледаат панталоните сместени во чизми, комбинирањето со хеланки е сигурниот избор, а црно-бела палета ќе го направи целиот стајлинг уште поелегантен.