Американскиот глумец Крис Еванс, кој пред неколку дена беше прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година во „Пипл“ (People), се чини, е во врска со својата колешка, Португалката Алба Баптиста.

Списанието сега, повикувајќи се на неименуван извор, пишува дека двојката е во врска над една година, а „работите меѓу нив се сериозни“. Набргу потоа, Крис и Алба се и фотографирани како се држат за раце при прошетка низ парк. Таа, инаку, говори пет јазици и е ќерка на инженер и преведувач.

Оваа недела, Еванс беше прогласен за најсекси маж во 2022 година. Претходно таа титула ја освои Пол Рад. Иако Еванс требаше да ја земе титулата пред две години, уредништвото на „Пипл“ го одложи тоа откако глумецот случајно и, наводно, несакајќи објави слика од својот пенис на Интернет.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2022 10:31