Репрезентациите на Шведска и на Норвешка забележаа победи во четвртото коло од Групата-1 на Европското ракометно првенство за жени.

Норвежанките беа поуспешни од Словенија со 26:23, додека Шведска ја победи Унграија со 30:25.

По четири кола Норвешка е лидер со осум бода, Данска има шест, Шведска и Словенија по четири, Хрватска 2, Унгарија е последна без освоен бод.

Вечер ќе се играат два натпревара од 4.коло во Групата-2 која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје: Романија – Црна Гора (18 часот) Франција – Германија (20:30 часот).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2022 09:51