Руската фудбалска репрезентација и посака среќа на Србија пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.

Србија вечер ги почнува настапите на Мундијалот во Катар.

– Среќно на Светското првенство! Веруваме во вашиот успех, браќа! – се вели во пораката на српски јазик, објавена од прес-службата на рускиот тим.

Репрезентацијата на Србија вечер од 20 часот против Бразил ќе го има првиот натпревар на Светското првенство 2022.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2022 12:45