Српскиот селектор Драган Стојковиќ не го криеше разочарувањето откако неговата репрезентација денеска испушти два гола предност за реми на крајот против Камерун (3-3), но нагласи дека шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар не се загубени.

–Точно е дека во ситуација кога имавме целосна контрола на натпреварот и водство од 3-1 направивме две кардинални грешки во одбраната кои на крајот скапо не чинеа. Многу, многу несфатливо и непотребно, рече Стојковиќ на официјалната прес-конференција по натпреварот.

Србија по две кола во групата Г има еден бод и шансите за пласман во осминафиналето ќе ги бара на дуелот против Швајцарија.

–Имаме ние свои шанси само да видиме што ќе се случи вечерва (на дуелот меѓу Швајцарија и Бразил). Ние, Србите, очигледно го сакаме тој потежок пат за да стигнеме до целта, рече Стојковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 02:20